Бизнис поканите се одличен начин за да се пренесе елеганција и да се покаже професионализам при поканување на клиенти, партнери или колеги за важен настан. Дизајнирани со стил и внимание, наменети за бројни прилики како корпоративни настани, конференции или бизнис вечери, поканите го оставаат посакуваниот впечаток.
ЦЕНАТА може да ја калкулирате за количина до 300 парчиња.
За поголема количина Ве молиме побарајте ПОНУДА.
Вид на хартија: кунздрук; Вид на печат: едностран колор
Грамажа на хартија: 300гр. или 350гр. зависно од Вашите потреби.
Препорачана грамажа на хартија: 300гр.
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема (Ваш дизајн), испратете ја како PDF или во Adobe Illustrator / CorelDRAW формат. Припремата треба да биде во CMYK, со 3мм обрез од секоја страна и резолуција од 300dpi. Доколку немате припрема, нашиот тим може да изработи дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе Ви биде испратен на е-пошта за одобрување пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот на поканите се наплаќа.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.