Хартиено мени во А3 формат, со димензии 297мм x 420мм, кое се поставува на масата како подлога под чинијата. На него може да се прикажат јадења, пијалаци, цени, промотивни понуди или логото на Вашиот објект. Се изработува на тенка хартија од 80–90гр., за еднократна употреба во ресторани и други угостителски објекти.
Грамажа на хартија: 80–90гр.
Вид на печат: едностран или двостран.
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема (Ваш дизајн), испратете ја како PDF или во Adobe Illustrator / CorelDRAW формат. Припремата треба да биде во CMYK, со 3мм обрез од секоја страна и резолуција од 300dpi. Доколку немате припрема, нашиот тим може да изработи дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе Ви биде испратен на е-пошта за одобрување пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот на менито се наплаќа.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.