Персонализирајте маици, спортска облека, чаши и шишиња со Вашето лого, фотографија или дизајн. Сублимацискиот печат овозможува живописни бои и јасни детали на бел или светол полиестерски текстил и на производи со соодветна сублимациска облога. Бојата се впива во влакната или облогата, а печатот е мазен на допир. Соодветно решение за персонализирани подароци и промотивни производи.
Сублимацискиот печат се изработува со специјални мастила и трансфер-хартија. Со термопреса, бојата се пренесува во полиестерските влакна или во сублимациската облога на производот.
За најдобар резултат се користи бел или светол полиестерски текстил. Чашите и шишињата треба да имаат соодветна сублимациска облога. Техниката не користи бела боја, па бојата на подлогата влијае врз изгледот на печатот.
Припрема за печат: Испратете го Вашето лого, фотографија или дизајн во висок квалитет и наведете го производот и посакуваната димензија на печатот. Фотографиите подгответе ги со резолуција од 300 dpi во конечната големина. Дизајнот треба да се усогласи со површината за печатење на избраниот производ.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.