Воблерите во форма на круг се познати како рекламни етикети кои се ставаат на полиците во продажните објекти каде што се наоѓаат производите. На воблерот можат да се прикажат одредени важни информации и илустрации кои ќе го разликуваат производот од останатите конкурентски производи и се идеални за истакнување на вашите артикли, промовирање на нов производ или за попуст на одредени производи.
ЦЕНАТА може да ја калкулирате за количина до 1000 парчиња.
За поголема количина Ве молиме побарајте ПОНУДА.
Вид на хартија: кунздрук; Вид на печат: едностран колор
Грамажа на хартија: од 300гр. до 350гр. зависно од Вашите потреби.
Препорачана грамажа на хартија: 300гр.
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема (Ваш дизајн), испратете ја како PDF или во Adobe Illustrator / CorelDRAW формат. Припремата треба да биде во CMYK, со 3мм обрез од секоја страна и резолуција од 300dpi. Доколку немате припрема, нашиот тим може да изработи дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе Ви биде испратен на е-пошта за одобрување пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот на воблерот се наплаќа.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.