Женски маици MASTER LADY со кратки ракави и благо струкиран крој кој ја следи линијата на телото. Изработени од 100% памук, тежина од 150гр/м². Широката палета на бои овозможува лесно вклопување во различни промотивни и корпоративни концепти. Материјалот е мек и пријатен на кожа, совршени за вработени, настани, презентации или секојдневна промоција на брендот. Маиците може да се брендираат со Ваше лого, слоган или дизајн по желба. Доколку немате готов дизајн – нашиот креативен тим со задоволство ќе ви помогне во изработката на визуелно професионално решение.
Величини: XS; S; M; L; XL;
НАРАЧКА: Минимум нарачка од 20 маици. (во комбинација од величини)
Печат: Маиците може да се печатат на повеќе позиции, големината на логото или дизајнот е по Ваша желба.
- Одличен квалитет, перфектен колоритет и прецизни детали
- Печатот останува совршен и по повеќекратно перење, маичките се перат на 40 степени.
Вид на брендирање: DTF печатење, везење.
- Испорака за над 3000 ден. - бесплатна
- За нарачка со износ под 3000 ден. се доплаќа достава 150 ден. + ддв
- Рокот на изработка започнува да се пресметува од моментот на уплатата на нарачката (испраќање на заверена уплатница) најдоцна до 12 часот. Сите уплати кои ќе бидат извршени после 12 часот, времето на изработка почнува да се пресметува од 08 часот наредниот работен ден.