Печатени испратници за евиденција на испорачаната стока, количините и податоците за испраќачот и примачот. Се изработуваат на самокопирна НЦР хартија, која овозможува пренесување на внесените податоци на следните листови без дополнителна индиго-хартија.
Достапни се во А5 формат (148мм x 210мм) и А4 формат (210мм x 297мм), со распоред на полињата според Вашата припрема. Практични се за уредно водење на документацијата при предавање и прием на стока.
Тип на хартија: самокопирна НЦР хартија.
Вид на печат: еднострано, во една боја.
Формат: А5 (148мм x 210мм) или А4 (210мм x 297мм).
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема (Ваш дизајн), испратете ја како PDF или во Adobe Illustrator / CorelDRAW формат. Припремата треба да биде во CMYK, со 3мм обрез од секоја страна и резолуција од 300dpi. Доколку немате припрема, нашиот тим може да изработи дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе Ви биде испратен на е-пошта за одобрување пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот на испратниците се наплаќа.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.