Печатење папка со Ваш бренд идентитет. Секоја папка содржи внатрешен џеб и посебно место за визит карта, што ги прави практични за организирање документи. Искористете ги за да оставите траен впечаток и сигурност дека клиентите можат да ве најдат во секое време.
Дизајнирани со бои на брендот, името на Вашата компанија и лого, телефонски број, веб страна, мејл адреса, и социјални мрежи.
ЦЕНАТА може да ја калкулирате за количина до 1000 парчиња.
За поголема количина Ве молиме побарајте ПОНУДА.
Тип на хартија: кунздрукт; Грамажа на хартија: 300g/m² или 350g/m²
Вид на печат: еднострано колор печат.
Доработка: еднострано пластифицирање ( мат или сјај )
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема ( Ваш дизајн ) треба да биде пратена во PDF фајл, Adobe Illustrator или Corel Draw. Истата треба да биде CMYK, да има 3mm bleed (обрез) и да е со резолуција од 300dpi. Доколку немате готова припрема за печатење, нашиот тим може да ви изработи професионален дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе ви биде испратен на е-мејл за да го одобрите пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот на папка се наплаќа.
- Испорака за над 3000 ден. - бесплатна
- За нарачка со износ под 3000 ден. се доплаќа достава 150 ден. + ддв
- Рокот на изработка започнува да се пресметува од моментот на уплатата на нарачката (испраќање на заверена уплатница) најдоцна до 12 часот. Сите уплати кои ќе бидат извршени после 12 часот, времето на изработка почнува да се пресметува од 08 часот наредниот работен ден.