Мени во А5 формат, со димензии 148мм x 210мм и спирален повез по страната од 210мм. Страниците се изработуваат од кунздрук хартија со грамажа од 300 g/m². Повезот овозможува прелистување, а форматот нуди простор за прегледно распоредување на понудата. Цената може да ја пресметате за количина до 50 парчиња; за поголема количина побарајте понуда.
Вид на хартија: кунздрук; Вид на печат: двостран колор
Грамажа на хартија: 300гр.; Вид на повез: спирала на 210мм.
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема (Ваш дизајн), испратете ја како PDF или во Adobe Illustrator / CorelDRAW формат. Припремата треба да биде во CMYK, со 3мм обрез од секоја страна и резолуција од 300dpi. Доколку немате припрема, нашиот тим може да изработи дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе Ви биде испратен на е-пошта за одобрување пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот на менито се наплаќа и се калкулира во копчето ПРИПРЕМА.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.