3-UP KEY TAG -Three Key Tag е една стандардна ISO CR-80 картичка поделена на три помали картички со можност за дупка во еден агол.
Треба да се напомене дека тие не можат да имаат бесконтактен чип или магнетна лента. Три картички Key Tag се погодни за различни промоции и попусти каде што повеќе од едно лице може да ја користи истата услуга.
Вид на материјал: PVC бела, сребрена, златна, црна
Дебелина: 0,76мм.; Вид на печат: едностран или двостран колор
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема (Ваш дизајн), испратете ја како PDF или во Adobe Illustrator / CorelDRAW формат. Припремата треба да биде во CMYK, со 3мм обрез од секоја страна и резолуција од 300dpi. Доколку немате припрема, нашиот тим може да изработи дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе Ви биде испратен на е-пошта за одобрување пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот се наплаќа дополнително.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.