DISCOUNT Card се PVC картички за попуст, наменети за програми за лојалност и поволности за купувачите. Се изработуваат во формат 85,6мм x 53,98мм и дебелина од 0,5мм до 0,84мм. На картичката може прегледно да се претстават Вашиот бренд и информациите за понудената поволност.
Вид на материјал: PVC бела
Дебелина: од 0,5 до 0,84мм. Големина: според ISO 85,6мм x 53,98мм
Вид на печат: двостран колор
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема (Ваш дизајн), испратете ја како PDF или во Adobe Illustrator / CorelDRAW формат. Припремата треба да биде во CMYK, со 3мм обрез од секоја страна и резолуција од 300dpi. Доколку немате припрема, нашиот тим може да изработи дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе Ви биде испратен на е-пошта за одобрување пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот се наплаќа дополнително.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.