А6 флаерите (105мм x 148мм) се совршени да пренесат јасна порака во мал формат. И покрај малата димензија, A6 флаерите овозможуваат креативен простор за истакнување на Вашата порака. Нивната компактна големина ги прави идеални за директна пошта, додавање во пакети со производи, промоција на производ или како дел од промотивни материјали на настани.
А6 флаерот може да биде еднострано или двострано печатен, зависно од Вашите потреби. Најчесто користени и барани се двострано колор печатени флаери.
ЦЕНАТА може да ја калкулирате за количина до 1000 парчиња.
За поголема количина Ве молиме побарајте ПОНУДА.
Вид на хартија: кунздрук; Грамажа на хартија: од 130гр. до 350гр. зависно од Вашите потреби. Препорачана грамажа на хартија: 130гр. или 170гр.
Вид на печат: едностран или двостран колор
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема (Ваш дизајн), испратете ја како PDF или во Adobe Illustrator / CorelDRAW формат. Припремата треба да биде во CMYK, со 3мм обрез од секоја страна и резолуција од 300dpi. Доколку немате припрема, нашиот тим може да изработи дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе Ви биде испратен на е-пошта за одобрување пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот на флаерот се наплаќа.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.