А4 флаерите (210мм x 297мм) или А4 превиткан на пола, нуди поголема површина за креативност и внесување на повеќе информации. Со оваа стандардна димензија, Вашиот дизајн може да вклучува повеќе елементи: текст, илустрации, фотографии и графикони кои ќе бидат прецизно и јасно прикажани. Овој формат на флаер е идеален за обемни промотивни кампањи, ценовници, или прмоција на повеќе производи.
А4 флаерот може да биде еднострано или двострано печатен зависно од Вашите потреби. Најчесто користени и барани се двострано колор печатени флаери.
ЦЕНАТА може да ја калкулирате за количина до 1000 парчиња.
За поголема количина Ве молиме побарајте ПОНУДА.
Вид на хартија: кунздрук; Вид на печат: едностран или двостран колор
Грамажа на хартија: од 130гр. до 350гр, зависно од Вашите потреби.
Препорачана грамажа на хартија: 130гр. или 170гр.
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема ( Ваш дизајн ) треба да биде пратена во PDF фајл, Adobe Illustrator или Corel Draw. Истата треба да биде CMYK, да има 3мм bleed (обрез) и да е со резолуција од 300dpi. Доколку немате готова припрема за печатење, нашиот тим може да ви изработи професионален дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе ви биде испратен на е-мејл за да го одобрите пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот на флаерот се наплаќа.
Испорака за над 6000 ден. - бесплатна