Американ познати и како DL флаери (100мм x 210мм), се совршен избор за елегантна и современа презентација на вашиот бизнис или настан. Со нивната издолжена форма, овие флаери се идеални за испраќање преку пошта, вметнување во коверти или како дополнување на промотивни материјали. Нивната компактна и елегантна големина ги прави привлечни за дистрибуција, додека доволниот простор овозможува јасно и ефективно пренесување на Вашата порака. Американ флаерите може да биде еднострано или двострано печатен зависно од Вашите потреби. Најчесто користени и барани се двострано колор печатени флаери.
ЦЕНАТА може да ја калкулирате за количина до 2000 парчиња.
За поголема количина Ве молиме побарајте ПОНУДА.
Вид на хартија: кунздрук; Вид на печат: едностран или двостран колор
Грамажа на хартија: од 130g/m² до 350g/m², зависно од Вашите потреби.
Препорачана грамажа на хартија: 130g/m² или 170g/m²
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема (Ваш дизајн), испратете ја како PDF или во Adobe Illustrator / CorelDRAW формат. Припремата треба да биде во CMYK, со 3мм обрез од секоја страна и резолуција од 300dpi. Доколку немате припрема, нашиот тим може да изработи дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе Ви биде испратен на е-пошта за одобрување пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот на флаерот се наплаќа.
БЕСПЛАТНА достава во Скопје за нарачки над 6.000 денари.
За нарачки под 6.000 денари, доставата се наплаќа 180 ден. + 18% ДДВ.
Почеток на рокот за изработка
Рокот за изработка започнува по уплатата на нарачката и испраќањето заверена уплатница.
Уплати до 12:00 часот: рокот започнува да се пресметува истиот работен ден.
Уплати по 12:00 часот: рокот започнува од 08:00 часот наредниот работен ден.