RFID картичката е безконтактна паметна картичка која користи радиобранови за пренос на податоци до читач. Таа содржи вграден микрочип и антена кои чуваат уникатен идентификациски број или друга информација, без да бараат физички допир или директна видливост. Тие можат да складираат, управуваат и штитат податоци со висок степен на безбедност. Паметните картички што ги произведуваме за нашите клиенти се интегрирани во различни сектори, како што се: хотелски комплекси, административни канцеларии, болници, спортски центри, спа комплекси и многу други.
Во моментов, можеме да вградиме во нашите картички чипови од следниве типови: - TK4100 (125 KHz ) - NXP Mifare 1К (13,56 MHz) - Fudan 1K (13,56 MHz).
Вид на материјал: PVC бела, сребрена, златна црна
Дебелина: 0,72мм.; Големина: според ISO 7810 – 85,60 x 53,98мм
Вид на печат: двостран колор, злато, сребро
Дополнителна опција на печатење: парцијален UV лак
ЗА ПРИПРЕМАТА: Доколку имате готова припрема ( Ваш дизајн ) треба да биде пратена во PDF фајл, Adobe Illustrator или Corel Draw. Истата треба да биде CMYK, да има 3mm bleed (обрез) и да е со резолуција од 300dpi. Доколку немате готова припрема за печатење, нашиот тим може да ви изработи професионален дизајн според Вашите барања. Дизајнот ќе ви биде испратен на е-мејл за да го одобрите пред печатење.
НАПОМЕНА: Дизајнот се наплаќа дополнително.
- Испорака за над 3000 ден. - бесплатна
- За нарачка со износ под 3000 ден. се доплаќа достава 150 ден. + ддв
- Рокот на изработка започнува да се пресметува од моментот на уплатата на нарачката (испраќање на заверена уплатница) најдоцна до 12 часот. Сите уплати кои ќе бидат извршени после 12 часот, времето на изработка почнува да се пресметува од 08 часот наредниот работен ден.